Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните сили на ОН,ја врати наградата во знак на протест поради доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке.

 

Швеѓанката како лекарка на ОН во 1992 година прва проговори за систематските силувања за време на војната во Босна и Херцеговина и укажала што се случува.Синоќа таа се обрати пред стотици лица собрани во Стокхолм во знак на протест против одлуката на Шведската академија да го врачи признанието на Австриецот, кој за време на војните во поранешна Југославија го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ и кој отворено негоира дека во Сребреница се случил геноцид.

 

„Му честиташе и му ја даде наградата. Сега јас мојата ќе ја вратам“, изјави таа пред насобраните, покажувајќи го медалот в рака. Насобраните гласно и аплаудираа и го извикуваа нејзиното име.

 

Таа се присети на војните на Балканот, од каде известувала и укажувала на злосторствата кои се случуваат. Таа зборуваше за смрдеата на распаднатите тела и ужасите на кои сведочела.

 

„Додека сум жива ќе сведочам за вистината за ужасната војна никогаш да не биде негирана“, потенцираше нобеловката Доктаре.

 

Австрискиот писател Питер Хандке синоќа ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот добитник на Нобелова награда за литература е познат по своите контроверзни ставови за тоа што се случи во регионот, односно го негираше геноцидот во Сребреница и повика на одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и обвинет за воени злосторства во Хаг.

 

За време на доделувањето на Нобеловата награда се одржа голем протест против Шведската академија и одлуката годинешниот лауреат да биде контроверзниот австриски писател Питер Хандке.

 

Речиси сите балкански земји одлучија да го бојкотираат вечерашното доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке, поради неговата поддршка на Милошевиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.