Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада.

 

Социјалистичката партија доби најмногу гласови на изборите во минатиот месе и има 120 пратеници.

 

На Санчес му се потребни уште 56 гласа во парламентот за да има мнозинство. Тој извесно време се обидува да ја придобие поддршката на помалите партии, а постигна договор со левичарскиот Подемос кој има 35 пратници.

 

Според шпанскиот Устав, монархот му дава мандат за формирање влада, а по консултации со партиските лидери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.