Четири ракети удрија во база со американска војска во Ирак

Четири ракети ја погодија ирачката воздушна база северно од Багдад, каде се стационирани американските трупи, соопштија ирачки воени извори.

 

Според неофицијалните податоци, четворица ирачки пилоти биле повредени во бомбардирањето.

 

Повеќето американски трупи стационирани во воздушната база Ал Балад северно од Багдад веќе ја напуштија базата за време на нападот. Според истите извори, ракетскиот напад е уште една епизода од тензиите меѓу САД и Иран во текот на изминатите две недели, пренесуваат медиумите.

 

Воените бази на САД беа предмет на повеќе ракетни и минофрлачки напади во последните месеци. Минатиот месец, во сличен напад загина американски граѓанин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.