Педро Санчез му го претстави составот на својата нова влада на кралот на Шпанија

Социјалистот Педро Санчез и официјално му го соопшти на шпанскиот крал Фелипе Шести составот на неговата нова влада, во која е вклучен и радикалниот левичар Унидас Поддемос, пренесуваат светските агенции.

 

Санчез вети дека неговата коалициска влада ќе оди во еден правец и дека има цврста намера да дејствува обединето. Тој исто така вети дека приоритетите на неговиот кабинет ќе бидат економскиот раст, како и подобрувањето на односите со разни шпански области.  Другите приоритети вклучуваат социјална правда, животната средина, прилагодување кон стареењето на населението, управување со дигиталната револуција.

 

Социјалистот вети дека неговиот мандат ќе биде обележан со социјален и територијален дијалог, меѓугенерациски дијалог и дека Шпанија ќе биде на страната на коегзистенцијата, а не на раздор и немири.

 

Во новиот кабинет има 22 министри, што е пет повеќе од претходната влада. Постигнат e родов баланс - има 11 мажи и 11 жени во владата. Министрите ќе дадат заклетви утре.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.