ПЕТИЦИЈА: Коалите од Австралија да бидат сместени во Нов Зеланд

Илјадници новозеланѓани се приклучија на петицијата во која се повикува коалите да бидат иселени заради пожарите што уништија поголем дел од Австралија, јавија медиумите.

 

Коалите исчезнуваат во земјата, а може да живеат во Нов Зеланд, како и многу други австралиски животински видови, се вели во петицијата. До понеделник наутро, петицијата ја потпишале над 5.000 луѓе.

 

Во петицијата се истакнува дека коалите нема да го загрозат екосистемот во Нов Зеланд. Тие традиционално живеат во еукалиптус шуми, а такви има околу 30.000 хектари во Нов Зеланд.

 

Повеќе од 10 милиони хектари се изгорени во Австралија од пожарите што не престанаа од септември минатата година. Најмалку 26 луѓе загинаа во катастрофата, со уништени илјадници домови. Се проценува дека над 1 милион животни се изгорени во пламенот што беснее со месеци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.