Пожарите во Австралија ќе станат редовна појава поради глобалното затоплување, тврдат научниците

Британски научници тврдат дека тековните пожари во Австралија се само најава за тоа што ќе се случува во светот поради зголемувањето на температурите.

 

Професорот Ричард Бетс смета дека ова е само дел од условите за живот што светот ќе ги доживее со порастот на просечната температура од три Целзиусови степени, пренесе Би-би-си.

 

Во анализите за влијанието на климатските промени, научниците заклучиле дека ризици од пожар постојат низ целиот свет и дека постои врска меѓу климатските промени и зголемената фреквенција на пожари.

 

„Ова е забележливо во многу региони, вклучително и западните делови на САД и Канада, Јужна Европа, Скандинавија и Амазонија. Затоплувањето предизвикано од човечки фактор исто така го зголемува ризикот од пожари во други региони, како Сибир и Австралија “, вели Метју Џонс од Универзитетот во Источна Англија.

 

Во студијата исто така се наведува дека влијанието на многу фактори врз климатските промени ќе се влошува сè додека светот не направи нешто за да ја стабилизира климата и да ја намали емисијата на јаглерод диоксид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.