Борис Џонсон одби да се одржи референдум во Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон му испрати писмо на премиерот на Шкотска, Николас Старгеон, во кое го одбива барањето за референдум за независност на Шкотска, пренесе Ројтерс.

 

Никола Старгеон поднесе писмено барање во декември до Џонсон да започне преговори и да и даде на Шкотска регионално овластување да одржи референдум.

 

„Не можам да се согласам со барањето за овластувања што ќе овозможат одржување нов референдум за независност“, напиша Џоноснн во одговорот на  Старгеон, кој беше објавен од страна на британскиот премиер на Твитер.

 

Џоносн потсетува дека идејата за референдумот за независност во 2014 година во Шкотска беше глас на една генерација.

 

Доколку се одржи нов референдум за независност, политичкиот ќор-сокак на Шкотска во текот на следната деценија ќе продолжи. Време е сите да работиме за единството на Велика Британија, рече Џоносн во писмото.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.