Меркел ги кани светските сили на состанок за Либија

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе биде домаќин на мировната конференција за Либија, што ќе се одржи в недела во Берлин, во канцеларијата на германската влада, пренесуваат медиумите.

 

Конференцијата е организирана во координација со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, кој заедно со специјалниот претставник на ООН за земјата, Хасан Саламе, водат консултации за изнаоѓање мирно решение за конфликтот во Либија. Германската влада соопшти дека на конференцијата ќе учествуваат претставници на САД, Русија, Турција, Европската унија и други земји.

 

Поканети се да учествуваат и шефот на Либија на меѓународно призната влада, Фајез Сарај и командантот на либиската национална армија Калифа Хафтар.

 

Хафтар ја напушти московската конференција за Либија без да го потпише подготвениот договор за примирје со меѓународно признатата влада.

 

Либија е раздорена со поделби од 2011 година по соборувањето на долгогодишниот диктатор Моамер Гадафи. Постојат две ривалски влади во земјата богата со нафта: Владата на Сарај, поддржана од ООН, во Триполи и источниот град Тобрук, кој е во сојуз со генералот Хафтар.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.