Московска патријаршија: Патријархот Вартоломеј решил да зарие нож во грбот на СПЦ

Цариградскиот патријарх Вартоломеј решил да зарие нож во грбот на Српската православна црква со легализација на расколот во Македонија, одлучувајќи да се стави во функција на политичките елити кои ја користат религијата во своите игри, изјавил портпаролот на Московската патријаршија, Владимир Лејгода, пренесува „Спутник“.

 

„Цариград има намера да легализира уште еден раскол. Патријархот Вартоломеј ја поддржа жалбената постапка на Македонската православна црква. Очигледно одлучил да се стави  во функција на политичките елити кои ја користат религијата во своите игри. Тоа е во суштина заривање нож го грбот на СПЦ, на која веќе ѝ се заканува прогон во Црна Гора“, вели Лејгода.

 

Тој навел и дека „целта на неодамнешниот состанок на патријархот Вартоломеј со претседателот на преодната влада на Македонија, Оливер Спасовски и со поранешниот  премиер Зоран Заев била да се разгледа можноста за повторно воспоставување регуларност на црквата во Македонија под името Охридска Архиепископија“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.