Ужасна пресметка во Ирска, киднапиран и распарчен тинејџер

Ирската полиција потврди дека деловите од телото пронајдени во вреќи во Даблин му припаѓале на исчезнатиот тинејџер Кин Малереди Вудс од Догеда, пренесува „Ајриш тајмс“.

 

Полицијата се сомнева дека момчето било киднапирано, убиено и распарчено во војна на ривалските банди за трговија со дрога со кои било поврзано.

 

На посмртните остатоци пронајдени во кеси на различни локации во градот била извршена ДНК-анализа.

 

Полицијата почнала да ги наоѓа деловите на телото во вреќи за ѓубре во северниот дел на Даблин.

 

Истражителите веруваат дека Вудс бил убиен истиот ден кога исчезнал, а убијците ги оставиле неговите остатоци на јавно место за да ги исплашат членовите на ривалската банда.

 

Гардата ги истражува наводите дека убијците ги фотографирале и правеле видеа од деловите од телото на убиеното момче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.