3-годишно дете стана дел од Менса откако го помина тестот на интелегенција со 142

3-годишно момче од Малезија, кое живее во Велика Британија, стана најмладиот член на Менса, Велика Британија.

 

Мухамед Кариз Наџим беше поканет да и се придружи на Менса, откако се состана со психолог и неговиот резултат на тестот за интелегенција беше 142. „Браво до Кариз за влезот во Менса. Јасно е дека станува збор за брилијантно младо дете и ние сме задоволни што го имаме кај нас, изјвил директорот на Менса.

 

За да се стане член на британската Менса, мора да се „манифестира коефициент на интелегенција каков што има само кај два процента од населението во светот“, објавено е на нивната веб-страница.

 

Тестот за интелигенција Менса е наменет за деца и возрасни над 10 и пол години. Децата под 10 години треба да бидат проценети од страна на едукативен психолог за да се утврди коефициентот на интелигенција.

 

Мајката на Кариз, која е инженер и живее во Дурам, Англија, рече дека нејзиниот син е како и секое друго дете. „Сака да црта и да чита книги, сака уметност и разни игри и сака да пее“, ијавила таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.