Екстрадиран е еден од обвинетите за случајот камион ковчег во Есекс

22-годишен Ирец кој беше уапсен откако беа пронајдоени 39 тела во камион со ладилнк во Есекс ќе биде екстрадиран, одлучи судот во Даблин.

 

Ајмон Харисон минатата година беше уапсен по европската потерница под обвинение за трговија со луѓе, помагање на илегална имиграција и 39 убиства. Тој се појави во Кривичниот суд во Даблин денеска да ја сослуша одлуката за екстрадиција.

 

Одлуката доаѓа неколку месеци откако возачот на камионот, 25-годишниот Морис Робинсон се изјасни за виновен за помагање на илегалната имиграција. Тој се соочува и со обвиненија за 39 убиства.

 

39 жртви, сите виетнамски државјани на возраст меѓу 15 и 44 години беа пронајдени во камион со ладилник во октомври.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.