Ајфеловата кула затворена за посетителите поради штрајкот

Едно од најголемите обележја во Париз беше затворено за посетителите во петокот, поради националниот штрајк против пензиската реформа, предложен од властите на земјата.

 

„Поради националниот штрајк, ние сме затворени од денеска“, се вели во официјалниот извештај на Ајфеловата кула на Твитер.

 

За потсетување, на 5 декември 2019 година Франција започна национален штрајк на неопределено време против пензиската реформа предложена од владата, што ќе резултира во губење на голем бро досегашни пензиски привилегии, вклучително и кај транспортните работници.

 

Како резултат на штрајкот низ целата земја, работата на јавниот превоз, метрото и возовите, значително е нарушена. Нацрт-законот за пензиските реформи ќе биде претставен во францускиот парламент во февруари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.