Втора смрт на Рели Дакар

Холандскиот возач на мотоцикл, Едвин Строер, почина откако се урна со неговиот КТМ 450 пред две недели за време на претпоследната фаза на релито Дакар во Саудиска Арабија, потврди денеска неговата сопруга.

 

48-годишниот Строер по инцидентот на 16 јануари претрпе многу тешка повреда на 'рбетот, а неговото срце запрело во рок од 10 минути по мозочниот удар. Тој бил пренесен со хеликоптер во болница во Ријад, а донесен во неговиот дом во средата, каде што лекарите потврдија дека нема надеж Стовер да излезе од кома поради премногу сериозно оштетување на мозокот. Денеска, по консултација со неговото семејство, беше решено да се прекине вештачката поддршка на животот.

 

Ова е втор фатален инцидент на годинашното издание на Релито Дакар, по несреќата на португалскиот возач Пауло Гонсалвес (40) на 12 јануари. Со смртта на Строер, во текот на годините на ова рели настрадале вкупно 26 возачи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.