Во Франција први случаи во Европа со новиот коронавирус

Францускиот министер за здравство, Енс Бузен, објави дека првите два случаја на инфекција со новиот коронавирус се потврдени во Франција. Ова се исто така први случаја во Европа, објавија медиумите.

 

Францускиот министер за здравство, Енс Бузен, објави дека првите два случаја на инфекција со новиот коронавирус се потврдени во Франција. Ова се исто така први случаи во Европа, објавија медиумите.

 

Првиот потврден случај бил кај пациент примен во болница во Бордо, а вториот во Париз, рече министерот. Таа увери дека властите ќе сторат сé што е можно за да спречат ширење на вирусот.

 

Бузен додаде дека може да има и други случаи на инфекција во Франција. Според француските медиуми, еден од двата случаи во Франција. оној во Бордо е за човек кој неодамна се вратил во Франција од Кина, преминувајќи ја Холандија. Тој е со кинеско потекло и бил во Вухан за работа. Засега за потврдениот случај во Париз не се знае многу.

 

Досега надвор од Кина има случаи на инфекција во Јужна Кореја (2 случаи), во САД (2 случаи), во Јапонија (2 случаи), во Непал (1 случај), Сингапур (1 случај), Тајван (1 случај), Тајланд (4 случаи), Виетнам (2 случаи), Хонг Конг (2 случаи), Макао (2 случаи), потсетува Франс прес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.