Американската амбасада во Софија за скандалот со шпиони од Русија

„Американската амбасада ги поздравува неодамнешните активности на бугарската влада за заштита на независноста и суверенитетот на земјата од злонамерното влијание, вклучително и денешната информација за протерувањето на двајцата вработени во руската амбасада за шпионажа.“, се наведува во ставот на Амбасадата на САД во Бугарија.

 

„Ние ги поддржуваме долгорочните напори на институциите вклучени во истрагата. Бугарија е силен сојузник на НАТО и партнер во рамките на ЕУ и има неотуѓиво право да ја одреди сопствената иднина“, стои во ставот.

 

„Американската амбасада во Софија го привлекува вниманието на неодамнешните извештаи за серијата злонамерни дејствија на руските владини службеници на бугарска територија, што доведе до протерување на тројца службеници во руската амбасада и двајца други под сомнение за шпионажа во последните четири месеци. Бугарската влада обезбеди докази за злонамерни активности поддржани од Русија, спроведувани на територијата на Бугарија со години.“, стои во ставот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.