Вонредна состојба во Хонг Конг поради новиот коронавирус

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, денеска објави вонредна состојба и мерки за ограничување на врските на градот со континентална Кина поради новиот коронавирус.

 

Училиштата ќе останат затворени до 17 февруари, а летовите до и од Вухан, каде почна инфекцијата, ќе бидат стопирани, како и движењето на брзите возови.

 

Исто така, сите официјални посети на Кина и настани поврзани со новогодишната прослава се откажани, пренесува АП.

 

Лам рече дека побарала помош од кинескиот државен совет да продолжи со набавка на заштитни маски.

 

Пет случаи на заболени од коронавирус се потврдени во Хонг Конг од локалните здравствени власти. Други 122 лица се лекуваат од сомнителна инфекција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.