ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Кина ги запира туристичките патувања дома и во странство

Кина ги прекинува сите групни туристички патувања дома и во странство од 27 јануари. Одлуката е донесена по епидемијата на пневмонија, предизвикана од новиот коронавирус, објави Централната кинеска телевизија.

 

Во пораката на Здружението на туристичката индустрија се забележува дека патувањата на туристичките групи во земјава биле запрени уште во петокот.

 

Вчера во Кина започна прославата на Новата година. Обично, оваа недела, во текот на викендот, милиони Кинези патуваат и дома и во странство.

 

Во меѓувреме, сејојневно се зголемува бројот на пациенти заболени со коронавирусот, а инфекцијата ги одзеде животите на 41 лице.

 

Изолирани се вкупно 40 милиони луѓе во повеќе градови. Авионите и возовите се запрени, има контролни пунктови по патиштата. Дури и градот каде што започна заразата, Вухан го запре патниот сообраќај.

 

Во Вухан започна изградбата на две болници. Стотици градежни машини работат за изградба на болница за шест дена, а потоа уште две медицински установи. Десетици воени лекари беа испратени, откако се потврди смртта на првиот лекар што ја зафатил инфекцијата од пациент.

 

Кинескиот претседател објави дека вирусот го забрзува ширењето и свика состанок на Политбирото заради кризата. Хонг Конг прогласи вонредна состојба поради ризик од инфекција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.