Папата се моли за луѓето заразени со коронавирусот

Папата Фрањо се моли за луѓето заразени со новиот коронавирус, како и за напорите на властите да се справат со инфекцијата, пренесуваат локалните медиуми.

 

"Се молам за луѓето кои се разболеле како резултат на вирусот во Кина. Господи, го поздравиме мирот на починатите, одмори ги семејствата на умрените и помогни им на кинеските власти во нивната борба против заразата", рече поглаварот на Римокатоличката црква во проповедта денеска пред верниците кои се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

 

Уште на 31 декември 2019 година, кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за присуство на појава на досега непознат вирус во градот Вухан, кој се наоѓа во централниот дел на земјата. Потоа, експертите ја идентификуваа причината за заболувањето - коронавирус 2019-nCoV.

 

Надвор од Кина, веќе има заразени во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетнам, Сингапур, Непал, Франција, Австралија и Малезија.

 

Според најновите официјални бројки, заразени во Кина се 1975, а 56 лица починале.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.