Унгарија купува тенкови и хаубици во вредност од половина милијарда евра

 

Унгарија годинава ќе продолжи со обемната програма за модернизација на своите вооружени сили, при што ќе набави 44 тенкови и 24 самоодни хаубици од Германија, во вредност од околу половина милијарда евра.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа, програмата предвидува набавка на 44 тенкови Леопард 2А7 и 24 самоодни хаубици PzH-2000 од Германија.

Во истиот пакет Будимпешта добива 12 половни тенкови за обука Леопард 2 и 13 логистички возила.

Испораката се очекува да почне следната година, а да заврши во 2025 година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.