Ердоган ги обвини ОАЕ за финансирање на платениците во Либија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган верува дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) обезбедуваат финансиска поддршка за платеници кои наводно му помагаат на командантот на Либиската национална армија (ЛНА), маршалот Калифа Хафтар, пренесува ТАСС.

„За време на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Турција, темелно разговаравме на оваа тема (ситуација во Либија). Им кажавме дека Хафтар е лажливец и вие го поддржувате овој лажго. Египет е клучниот поддржувач на Хафтар како и властите во Абу Даби“, тврди Ердоган.

Според турскиот лидер, ОАЕ не само што им даваат финансиска помош на платениците, туку и ги снабдуваат со оружје.

Во моментов Либија има две врховни извршни власти, имено Владата на национален договор во Триполи, признаена од меѓународната заедница и предводена од премиерот Фајез ал-Сараџ, и привремената влада предводена од премиерот Абдула ал-Тани, која го контролира источниот дел на земјата заедно со избраниот парламент и е поддржана од ЛНА на Хафтар.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.