Убиство во центарот на Атина, судир на странци на познатиот градски плоштад

Едно лице загина, а друго е повредено во судир на двајца странци во центарот на Атина.

 

Судирот се случил во близина на централниот градски плоштад Омонија, пренесува „Катимерини“.

 

Полицијата соопшти дека дошла на местото на настанот по повикот за пукање на плоштадот каде што, откако пристигнала, пронашла чаури, но засега не е јасно дали жртвите, кои, наводно биле странци, биле застрелани или прободени со ладно оружје.

 

Повредениот бил пренесен во болницата „Евангелизмос“, а полицијата ги утврдува околностите под кои се случил настанот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.