Над 1.300 лица починаа од коронавирусот, заразени сѐ повеќе здравствени работници

Бројот на жртви од новиот коронавирус се искачи на 1.383, а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број.

Од овој вирус заразени се вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот, а меѓу заболените во Кина има се повеќе здравствени работници кои се грижеле за болните, пренесе „Си-ен-ен“.

Како што се наведува, во една болница се разболеле 130 од 500 здравствени работници.

Засега најмногу болни има во Кина, со три смртни случаи пријавени надвор од земјата, од кој последната е 80-годишна жена во Јапонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.