Кина развива терапија со плазма за пациенти со коронавирус

Кина разви плазма за лекување пациенти заразени со новиот коронавирус (Ковид – 19), соопшти денеска кинеската национална групација „Биотек“.

Компанијата соопшти дека тие собрале плазма од заздравените пациенти за подготовка на терапевтски производи, вклучително и конвалесцентна плазма и имунолошки глобулин, пренесува Меѓународното кинеско радио.

По ригорозните тестови за биолошка сигурност на крвта, тестови за инактивација на вируси и антивирусни активности, кинеските научници успешно развија конвалесцентна плазма за клинички третман и ја искористија за лекување критички болни пациенти, наведе „Биотек“.

Како што се додава, компанијата формираше тим кој од 20 јануари користи специјализирана опрема за собирање плазма од излекувани пациенти во Вухан.

Тројца критично болни пациенти во болницата во областа Џијангки во Вухан добиле третман со плазма на 8 февруари, а во моментов повеќе од 10 критично болни пациенти се лекуваат на ист начин, велат од компанијата.

Според клиничките резултати, 12 до 24 часа откако пациентите примале третман покажале подобрени клинички симптоми, при што главните воспалителни индикатори значително се намалија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.