Кинеските лекари пронајдоа начин за лекување на луѓе заразени од коронавирусот

Кина објави дека има ефикасен метод за лекување на луѓето заразени од коронавирус.

 

Бројот на пациенти сега е 64.000, а бројот на починати е речиси 1.400. Бројот на заразени лекари и медицински сестри е 1.716, од кои шестмина веќе се мртви.

 

"Мислам дека донирањето плазма може да им помогне на луѓето во тешка состојба да се опорават. Исто така е начин за нас, кои ја искусија оваа болест, да помогнат и да донираат за живот", изјавил излекуван од коронавирусот.

 

„Откако ќе заздравиме, нашиот серум може да помогне во лекувањето на другите луѓе, затоа сакаме да донираме“.

 

Лекарите објасниле дека некои луѓе кои се справиле со болеста откриле антитела во плазмата кои помагаат во борбата против коронавирусот.

 

"Тоа е релативно ефикасен метод за лекување на заразни болести, но сепак треба да ја проучиме и следиме неговата ефикасност против новиот коронавирус. Ако плазматскиот третман се покаже како одличен, можете да замислите колку ќе биде добар", рече доктор Шен Изонг.

 

Европската унија исто така е вклучена во борбата против коронавирусот. 10 милиони евра се издвоени во рамките на „Хоризонт 2020“ за борба и откривање вакцина“. Европската унија смета дека има добра координација помеѓу земјите-членки во случаи кога треба да се повлечат загрозените граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.