Главниот јавен обвинител: Твитовите на Трамп ја прават мојата работа невозможна

Главниот јавен обвинител го критикува претседателот Трамп, пренесуваат светските медиуми.

 

Назначен од Трамп, Вилијам Бар, објави дека твитовите од шефот на државата ја попречуваат неговата работа. Изјавата на Бар доаѓа во услови на зголемена критика за постапувањето на неговиот оддел за случајот со Роџер Стоун, близок пријател на Трамп, кој е на судење заради опструкција на правдата. Јавниот обвинител е обвинет дека подлегнал на притисок од Белата куќа, откако стана јасно дека ќе побара помала казна.

 

„Јас нема да дозволам да бидам уценуван од никого. Како што реков, без разлика дали тоа да биде Конгрес, весници или претседател. Ќе го сторам она што мислам дека е правилно. Знаете, не мислам дека можам да ја завршам мојата работа со овие постојани коментари што ја поткопуваат“, рече  јавниот обвинител, Вилијам Бар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.