
Првиот потврден случај на коронавирус во Африка
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Февруари 2020

Египет го потврди првиот случај на заразен со коронавирус.
Информациите ги објави локалното Министерство за здравство, цитиранo од светските медиуми. На овој начин, земјата стана прва во Африка со регистрирана болест на „вирусот од Вухан“.
Според Калид Мухаид, службеник на претставникот на агенцијата, заразеното лице не е Египќанец, туку странец кој пристигнал во земјата од друга земја. Тој е во карантин веќе две недели. Неговата состојба е стабилна.
Според последните податоци, од коронавирус починале над 1.600 луѓе. Тие се претежно од градот Вухан. Инфицирани се лица во 25 земји во светот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
