Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1.868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е за 98 повеќе во однос на претходниот ден, објави Националната здравствена комисија.

Во средиштето на провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата, забележани се 93 смртни случаи, додека во главниот град на провинцијата Вухан починале 72 лица.Според кинеските власти,регистрирани се 1.886 нови случаи низ целата земја, со што бројот на заразени с искачи на 72.436 лица.

Меѓу починатите е и Лиу Зиминг, директор на болницата Вухан Вучанг, јавуваат медиумите.

Информативниот портал „Caixin“ со седиште во Пекинг објави дека повеќе од 3.000 здравствени работници веќе се заразени со вирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.