Трамп помилува поранешен гувернер осуден на затвор за корупција

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевич, кој отслужи казна од 14 години за обид да го продаде испразнетото сенаторско место на Барак Обама по неговата кандидатура за претседател во САД во 2008 година.

 

Демократот Благојевич, кој сега има 63 години, беше осуден за 17 обвиненија за политичка корупција во 2011 година и требаше да излезе од затвор во 2024 година. Трамп во неколку наврати рече дека верува оти оваа казна е предолга за постапките на Благојевич. По одлуката на Трамп денеска, тој ќе биде ослободен од затвор 4 години порано.

 

Покрај Благојевич, Трамп помилува неколку други лица со различни аргументи за секој случај. Претседателот на САД има право да помилува затвореници и да ги намали казните. Неговата сегашна одлука доаѓа во услови на обвиненија против него дека се меша во работата на правдата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.