Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа откако автомобил експлодираше во австралискиот град Бризбејн.

 

Децата биле најдени мртви во автомобилот од страна на спасувачките служби, соопшти полицијата.

 

„Ужаса сцена. Се уште е рано за да знаеме што се случило, но возилото беше целото во пламен кога пристигна полицијата“ изјавил заменик инспекторот Марк Томпсон.
Во инцидентот повреден е уште еден случаен минувач, кој се обидел да им помогне, но се здобил со изгореници на лицето. Тој е пренесен во болница на лекување.

 

Очевидци на настанот изјавиле за австралиските медиуми дека виделе жена целата во пламен како скока од автомобилот.

 

Истрагата за овој ужасен инцидент е во тек.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.