Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.

 

„На страните е да ги одредат параметрите на дијалогот“, изјави тој во интервју за порталот „ЕУ обзервер“.

 

На прашањето во врска со можноста за размена на територии, тој вели: „Она што ние го подржуваме е страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса и да пројандат пат кон нормализација на односите, идеално би било со заемно признавање“.

 

Палмер не одговорил на прашањето за тоа дали позицијата на САД е спротивна од германскиот став дека размената на територии би можело да го дестабилизира регионот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.