Велика Британија воведува систем за поени за странски работници

По Брегзит, ниско-квалификувани работници нема да добиваат визи за Велика Британија. Овие се дел од плановите на владата за миграциска политика во Лондон.

 

Новиот систем ќе стави крај на зависноста од ефтина работна сила од Европа.

 

Велика Британија ќе има приоритет да привлече високо квалификувани работници од целиот свет преку нов систем на поени. Системот со кој ќе се доделуваат бодови за одредени вештини, квалификации, плати или професии ќе стапи на сила од 1 јануари 2021 година. За престој до 6 месеци, на граѓаните на ЕУ нема да им треба виза.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.