Над 19% од заразените со коронавирус во Кина се опоравиле, а 2,7% починале

Повеќе од 19 проценти од заразените со новиот коронавирус во Кина веќе закрепнале, 2,7 проценти починале, а остатокот е под медицински надзор. Ова е според податоците објавени денеска од регионалните здравствени власти во НР Кина, објавија агенциите.

 

Според статистичките податоци на централната власт, скоро 15% од заразените се во тешка, а 3,2% се во критична состојба.

 

Трендот на ширење на вирусот постепено се подобрува, изјави портпаролот на кинеската државна здравствена комисија, Мој Фенг, на прес-конференција. „Следниот чекор е да ги консолидираме нашите успеси во борбата против пневмонијата и да обезбедиме ефикасен третман за сериозно болните“, додаде тој.

 

Епидемијата во Кина веќе го достигна својот врв, а бројот на нови случаи се чини дека почнува да опаѓа, изјави претходно Ван Ксинхуанг, главен медицински офицер на специјализираната болница за третман на новата пневмонија во Вухан. Ситуацијата ќе се подобри во блиска иднина, рече тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.