Уште еден лекар починал од коронавирус во Вухан

29-годишен лекар починал од коронавирус во Вухан, кинескиот град што ја започна епидемијата, објавија медиумите.

 

Вчера почина Пенг Инхуа. Работел во една од болниците во градот. Лекарот планирал да се омени за време на новогодишниот празник Лунар, кон крајот на минатиот месец, но ја одложил свадбата за да може да се посвети на пациенти заразени со коронавирус.

 

Најмалку осум лекари починале во Кина откако се заразиле со вирусот. Вкупниот број на смртни случаи достигна 2.200, а заразените во Кина се над 75.000. Претходно овој месец, од коронавирус почина 34-годишниот офталмолог Ли Вонгин, кој предупреди за новата болест.

 

Во вторникот наутро, директорот на болницата Вучанг во Вухан, Лиу почина од коронавирус. Според кинеските власти, повеќе од 1.700 лекари, најмногу од нив во провинцијата Хубеи, се заразени со коронавирус.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.