ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Затворени јавни места во 10 италијански града

Десет градови во северна Италија - девет во регионот на Ломбардија и еден во Венето денеска затворија барови, училишта, градинки, спортски објекти, продавници и други јавни места.

 

Ова е поради сомневањата за 16 заразени со новиот коронавирус, соопштија властите.

 

Одлуката ја донесе Министерството за образование во договор со надлежните од двата засегнати региони, откако беше идентификувано првото автохтоно појавување во Колонија, во близина на Лоди.

 

Превентивните мерки за да се спречи ширењето на болеста достигнуваат околу 50.000 луѓе, објавија агенциите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.