Курти потврдил дека ќе ги укине таксите за Србија

Шефицата на канцеларијата на ЕУ во Приштина, Наталија Апостолова, изјави дека очекува наскоро да бидат укинати таксите за стоката од Србија и дека тоа на состанок неодамна ѝ го потврдил премиерот на Косово, Албин Курти, пренесува „Танјуг“.

 

Апостолова за РТК на српски јазик рекла дека реципрочните мерки кои Приштина сака да ги воведе за Србија не би требало да ги влошуваат односите меѓу Приштина и Белград туку би требало да имат спротивен ефект - да ги отстранат пречките меѓу двете страни.

 

Апостолова за емисијата „Разговор“, која ќе биде емитувана на 27 февруари, рекла дека добила уверување од Курти дека таксите ќе бидат укинати, додавајќи дека не ги знае деталите кои се однесуваат на воведување реципроцитет кон Србија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.