Во Загреб се испитуваат шест примероци на коронавирус

Вкупно шест примероци на коронавирус (КОВИД-19) се тестираат на Клиниката за инфективни болести во Загреб, јавуваат тамошните медиуми.

 

По еден примерок има од Сплит и од Риека и по двајца од Загреб и Сисак, соопшти Клиниката.

 

Информациите за резултатите ќе бидат достапни преку здравствените установи по завршувањето на тестирањето. На претходните тестови на Клиниката ниту еден примерок не бил позитивен за новиот коронавирус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.