Инцидентот на карневалската поворка во Германија бил напад, но нема докази дека тој бил политички мотивиран

Полицијата во Германија соопшти дека веруваат инцидентот во кој човек со неговиот автомобил се втурнал во карневалска поворка во градот Волкмарсен бил намерно изведен, но нема индикации во оваа фаза дека мотивацијата на напаѓачот била политичка, пренесува „Билд“.

 

Портпаролот на полицијата изјави дека некои од повредените во инцидентот кои се загрозени по живот биле примени во болница.

 

Според раководството на полицијата во Франкфурт, цитиран од „Билд“, повредени се вкупно 30 лица, од кои седум сериозно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.