Италијански лекар на одмор во Шпанија позитивен на коронавирус

Италијански лекар кој заминал на одмор на Канарските Острови е позитивен на коронавирусот, соопштија здравствените власти од овој дел на Шпанија.

Тој во моментов е во изолација и резултатите од неговиот тест ќе бидат испратени во Мадрид на втора анализа како што се постапува според шпанските регулативи во случај на сомнеж за коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Тој е третото лице во Шпанија што е позитивно на вирусот, по еден Британец во Мајорка и еден Германец на Канарските Острови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.