Жена од Јапонија двапати заболела од коронавирус

Жена која работи како возач на туристички автобус во Осака по вторпат е позитивна на новиот коронавирус, што е прв ваков случај во Јапонија.

Тестирањето покажало дека жената е позитивна на коронавирус, откако почувствувала болка во грлото и градите, јави „Ројтерс“.

Таа прво била тестирана во јануари, по што била хоспитализирана, но брзо оздравела.

Јапонскиот министер за здравство рече дека таа е првиот пациент кој по болничко лекување повторно е позитивен на коронавирусот.

Иако ова е прв ваков случај во Јапонија, во Кина се пријавени повеќе на втор позитивен тест.

„Инфекцијата може да остане во состојба на мирување и со минимални симптоми, а потоа може да дојде до влошување ако се најде во белите дробови“, објасни професор на Факултетот за медицина на Универзитетот во Њујорк.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.