Потпретседателката на Иран е заразена со коронавирус

Потпретседателката на Иран Масуме Ебтекар се зарази со коронавирус. Ова го објави РИА Новости.

 

„По извесни знаци на инфекција, тестот за присуство на коронавирус кај г-ѓа Ебтекар, е позитивен“, рече советникот на иранската потпретседателка.

 

Според најновите бројки, бројот на заразени со „вирусот од Вухан“ во Иран достигна 245, а 26 лица се починати.

 

Бројот на заразени во Кина надмина 78.000, од ​​кои 2.744 починаа, а над 32.000 се излекувани. Според СЗО, повеќе од 80.000 случаи на ХОВИД-19 се пријавени во 33 земји.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.