Постои нов симптом на заразата со коронавирус

Познато е дека симптоми на Ковид-19 се температура, кашлица и губење на здив. Но, оториноларинголозите сега предупредуваат на уште еден симптом, за кој се претпоставува дека е поврзан со истата болест, а тоа е аносмија или губење на чувството за мирис.

Аносмија е изненадно губење на мирисот, но без затнување на носот, понекогаш проследено со губење на вкусот (агеузија).

Неколку илјади луѓе заболени со коронавирус пријавиле аносмија како еден од симптомите, рекол вториот човек на француското министерство за здравство, Џером Саломон.

Заразениот француски кошаркар Руди Гоберт, кој игра за Јута Џез во САД, рекол дека го изгубил чувството за вкус и мирис.

Во случај на појава на аносмија треба веднаш да се повика лекар и да се избегнува самолекување, предупредува Саломон.

Но, симптомот е многу редок и најчесто се јавува кај младите пациенти со блага клиничка слика на вирусот. Француското друштво на оториноларинголози сепак повикува да се обрне внимание на тоа.

Постои очигледна врска меѓу аносмија и вирусот, тврди Жан-Мишел Клеин, претседател на националниот сојуз на оториноларинголози.

„Нема сите со Ковид-19 да развијат аносмија, но сите изолирани аносмичари, без локално воспаление, биле позитивни на коронавирусот. Луѓето кои имаат аносмија мора да се изолираат“ нагласува Клеин.

Класичната терапија за аносмија, со кортикостероиди, овде не смее да се користи бидејќи ќе го намали имунолошкиот одговор на организмот на вирусот, додава тој.

До сличен заклучок, со поврзување на аносмија и Ковид-19, дошле и германски и американски експерти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.