Меркел четврти ден во изолација, работи од дома

Германската канцеларка Ангела Меркел, која е во самоизолација затоа што била во контакт со доктор позитивен на коронавирус, се чувствува добро и од дома ги извршува телефонските разговори од претставниците на меѓународната заедница, рече портпаролот на владата, Штефан Зајбер.

„Канцеларката е добро. Таа работи од дома, во постојан контакт е со сите членови на кабинетот и разговорите ги извршува од дома“, изјави тој на прес-конференција.

Портпаролот повтори дека Меркел ќе изврши серија тестови и додаде дека за сè ќе бидат известени јавноста и медиумите, пренесе „Ројтерс“.

Во понеделникот беше објавено дека првиот тест на коронавирус на германската канцеларка бил негативен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.