Помпео: Кина сѐ уште крие информации за коронавирусот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео остро го критикуваше однесувањето на Кина за ширењето на заразата со коронавирусот, велејќи дека нивната владејачка Комунистичка партија сè уште крие информации потребни за да спречат понатамошни случаи.

Во интервју за радиостаницата „Вашингтон воч“, Помпео ги повтори обвинувањата дека одложувањето на Кина во информирањето за вирусот ги загрозило луѓето ширум светот и рече дека „навистина донело во опасност илјадници животи“.

„Загрижен сум затоа што со ова прикривање, со тие дезинформации, Кинеската комунистичка партија продолжува да му ги ускратува на светот потребните информации за да спречи понатамошни случаи или нешто слично да се случи повторно“, додаде тој.

Помпео, исто така, ги обвини Иран и Русија за кампањите за дезинформации за вирусот.

„Продолжува дезинформациската кампања на Русија и Иран, како и на Кина“, рече тој.

„Говорат за тоа дека вирусот дошол од американската војска и велат дека можеби е започнато во Италија, за да се одвлече одговорноста“.

Помпео се воздржа да го нарекува вирусот „Кинески вирус“ или „Вухан вирус“ - етикета што го налути Пекинг и што тој постојано ја користеше.

„Ќе дојде време на обвинувања“, рече тој, но додаде дека е важно светот да знае за што станува збор сега.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.