Британскиот парламент нема да заседава поради поради коронавирусот

Британскиот парламент нема да заседава најмалку во наредните четири недели како дел од напорите на властите да го спречат ширењето на коронавирусот.

Велигденската пауза во работата на парламентот требаше да почне на 31 март, но денес беше предложено да се прекине работата поради зголемените стравувања дека понатамошните состаноци ќе ги изложат пратениците и персоналот на ризик од ширење на вирусот.

Зградата на парламентот веќе е затворена за посетителите, па дури и влезот во Долниот дом е ограничен за да може да се задржи поголемо растојание.

Претседателот на Долниот дом, Џакоб Рис-Мог, предложи прекинување на работата до 21 април.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.