Русија ги укинува сите меѓународни летови

Русија од петок ќе ги забрани редовните и чартер-летовите кон други земји, и обратно, како дел од напорите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Забраната стапува на сила в четврток на полноќ во Москва, со исклучок на летовите со кои Руси се враќаат од странство во својата татковина, се вели во уредбата објавена на веб-страницата на премиерот Михаил Мишустин.

Русија пријави повеќе од 650 случаи на коронавирус, од кои најголем дел се во Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, го предупреди претседателот Владимир Путин оваа недела дека бројот на случаи може да биде значително поголем.

Во телевизиско обраќање до нацијата, Путин ги советуваше Русите да останат дома и рече дека на работниците треба да им се дозволи да останат дома од понеделник до петок следната недела и оти тие денови ќе им бидат платени.

Русија воведе и строги мерки за карантин за секој што влегува во земјата од странство и за секој што бил во контакт со лица заразени со вирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.