Во Шпанија 655 лица починаа од коронавирус за 24 часа

Шпанија регистрираше уште 655 смртни случаи од коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 4.089 лица.

Вкупниот број заразени сега изнесува 56.118.

Пратениците на шпанскиот парламент го одобрија продолжувањето на вонредната состојба по долгата дискусија рано утрово.

Пратениците ги одобрија итните мерки, вклучително и блокада на државата, со што ќе се бара луѓето да останат во домовите уште 15 дена или на 12 април. Да се излезе само е дозволено само за за храна, лекови и работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.