Расте бројот на заразени во Грција и Турција

Бројот на заразени со коронавирус во Грција надмина илјада лица, а во Турција достигна повеќе од седум илјади.

Грција потврди 95 нови случаи на коронавирус, со што вкупно 1.061 лица се заразени од појавата на болеста на 26 февруари. Досега 32 лица починале од Ковид-19, соопшти портпаролот на Министерството за здравство, Сотирис Циодрас.

Бројот на починати во Турција се зголеми на 108 лица, додека бројот на заразени порасна за 1704 и со тоа вкпно 7042 лица во земјата се позитивни на коронавирусот, рече министерот за здравство Фахретин Коца.

Тој додаде дека само во последните 24 часа биле тестирани 7641 лица, а досега биле тестирани 55.464.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.