Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина.

Според здравствените власти, Франција може да произведе само осум милиони маски неделно, а потребни им се 40 милиони.

Во Франција од коронавирус во послените 24 часа починаа 319 лица со што бројот на починати сега изнесува 2.314 пациенти, покажуваат последните податоци.

Досега заразени се вкупно 37.575 лица, од кои 17.620 се сместени во болниците.

Ограничувањата во движењето се продолжува до 15 април.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.