Конјунктивитис може да биде симптом на заразата со коронавирус

Американското друштво на офталмолози ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитис, познат како „црвено око“, кај некои пациенти може да укажува на ран знак на зараза со коронавирус.

Тие исто така им препорачуваат на своите колеги да се заштитат кога прегледуваат пациенти со воспаление на очите, а имаат и температура и респираторни проблеми.

Офталмолозите се повикуваат на две кинески студии спроведени на пациенти хоспитализирани поради коронавирус. Во првата е пронајден вирален конјунктивитис во просек на секој триесети пациент, а во втората на секој дванаесети.

Неодамна француските, британските и американските оториноларинголози предупредија дека симптомот може да биде и аносмија – губење на мирис.

Во Германија тоа е востановено просечно кај дури двајца од тројца пациенти. Во Јужна Кореја, каде тестирањето беше најраспространето, овој симптом бил кај 30 проценти од заболените.

Три главни симптоми на заразата со коронавирус се покачена температура, сува кашлица и губење на здив. Спротивно од симптомите на грип кои настапуваат нагло, симптомите на Ковид-19 во раната фаза се развиваат со денови.

Некои лекари меѓу раните симптоми детектирале и болка во грлото и гастроинтестинални проблеми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.